Одличен изглед, фантастичен вкус…
Состојки за црн дел:
- 400 мл млеко
- 8 гр желатин
- 180 гр Нутела
Состојки за бел дел:
- 400 мл млеко
- 8 гр желатин
- 180 гр кондензирано млеко
Начин на подготовка:
- Во млекото додадете го желатинот и убаво измешајте, па ставете на шпорет. Загрејте кратко и додадете Нутела. Гответе додека состојките не се соединат, а потоа истурете во овален огноотпорен сад. Прво изладете го малку на собна температура, па ставете го во фрижидер половина час.
- Белиот фил се прави исто како и црниот фил, само што во млекото се додава желатин и кондензирано млеко. Гответе уште една минута откако ќе зоврие. Прелијте преку црната смеса и повторно ставете во фрижидер на половина час.
Уживајте!