Најсочното пилешко во сос од лук и мед.
Состојки:
- 2 парчиња пилешко филе
- брашно
- 60 гр путер
- 3 чешниња лук
- млад кромид
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица оцет
- 5 лажици мед
Начин на подготовка:
- Исечете го месото по должина и попречно за да добиете коцки, но не до крај. Филето треба да остане цело. Убаво зачинете со сол и бибер, па извалкајте во брашно. Растопете го путерот (40 гр), па испечете го пилешкото.
- Младиот кромид и лукот исечкајте ги, па кога месото е готово додадете уште 20 гр путер и сечканиот лук. Потоа ставете соја сос, оцет и мед и убаво измешајте. Месото убаво извалкајте го во сосот, па пред крај посипете со млад кромид.
Добар апетит!