Во соработка со 5 инфлуенсери-готвачи од 5 земји dm не води на едно посебно кулинарско патување во светот на органската храна.
Љубители сте на органската и совесната исхрана? Ова не смеете да го пропуштите… Водени од идејата дека органската храна е основа на пристапот кон исхраната и дека секој од нас заслужува пристап до висококвалитетни производи што ги хранат телото и душата, ни овозможува да се грижиме за себе и своето опкружување, истовремено уживајќи во фантастичниот вкус и разновидноста, најголемиот понудувач на органска храна во земјава – dm дрогерие маркт, во соработка со 5 инфлуенсери-готвачи од 5 земји од Балканот сега ве води на едно вкусно кулинарско патување. Преку низа на рецепти кои го спојуваат традиционалното и модерното, dm и соработниците успеаја да ги покажат дека со органски состојки можат да се подготват не само модерни јадења, туку и традиционалните и класични оброци кои нѐ потсетуваат на рецептите на нашите баби.
Без разлика дали сакате да приготвите вкусно тавче гравче, вегански уштипци од тиквички или вкусен колач со лимета и ф’стаци, dm го има рецептот, состојките и потребните производи.
Дел од видеата со рецептите можете да ги погледнете во продолжение:
Сите останати видеа можете да ги поглднете на YouTube каналот на dm дрогерие маркт или на нивната веб-страница.
Рецептите и видеата се изработени во соработка со Мартина Трајановска (@martinascookingg) од Македонија, Маја Петровиќ (@vitkigurman) од Србија, Настасја Кјара Петриќ (@chiarin.tanjuric), Хајрудин Шишиќ (@harrycoop.er) од Босна и Херцеговина и Ана Жонтар Кристанц (@ana.zontar) од Словенија.
Доколку ова го разбуди вашиот интерес и сакате да погледнете уште повеќе органски и вкусни рецепти, во дрогериите на dm до 29 февруари можете да ја искористите прекрасната понуда и со купување на органски производи во износ од над 999 денари бесплатно ќе ја добиете книгата со рецепти „Кулинарско патување со dmBio“.
Се надеваме дека ќе уживате во овие вкусни, органски рецепти.
- dm дрогерие маркт години наназад е препознаен како приоритетен ланец за снабдување, со комплетна понуда на повеќе од 14.500 производи. Во прв ред тука спаѓаат прехранбените намирници, сертифицираната органска храна, пред сѐ од dm марката – dmBio, што го прави dm најголем понудувач на сертифицирана органска храна на македонскиот пазар.