Скопје, сабота, 24.2.2024, Skopje City Mall беше исполнет со возбудени посетители кои искусија ново кулинарско задоволство на големиот настан „Моето кулинарскo патување со dmBio” организиран од dm. Забава, смеа, нови искуства и вкусови беа само дел од впечатоците кои ги понесоа оние кои се најдоа во тој период на штандот на dm.
Настанот беше предводен од неповторливиот Марко Новески, food блогерката Мартина Трајаноска – Martina’s Cooking, а гости беа нутриционистката Симона Коруновска и моделот и фитнес инфлуенсер, Стефан Спирковски, како и нивните тимови.
Преку различните активности, гостите имаа можност да влезат во светот на готвењето со органски производи, да дегустираат вкусни закуски како овесни проја мафини, чоко вафли, веган сутлијаш, хумус со солени стапчиња, печиво со морков, веган болоњезе паста, брускети, а и да научат како да ги искористат органските производи на dmBio за да креираат традиционални и модерни рецепти, но пред сѐ вкусни и хранливи.
Додека Мартина приготвуваше дел од рецептите од книгата “Kулинарско патување со dmBio”, присутните имаа можност да дегустираат и воедно да учествуваат во друштвениот предизвик “Вкусни изненадувања” кој им донесе dmBio подароци.
Во вториот дел од настанот, Симона и Стефан со своите тимови играа друштвени игри низ кои го покажаа своето знаење за dmBio производите и притоа добија интересни подароци. Беше многу забавно да се следат двата тима, а победата беше неизвесна до самиот крај.
„Јас сум воодушевена што имавме можност да го организираме овој прекрасен настан со толку убава порака” – изјави Мартина, домашниот претставник во интернационалната кампања на dm за промоција на органската исхрана, чии рецепти се најдоа во книгата со рецепти со dmBio производите – „Беше неверојатно да се види толкава бројка на луѓе заинтересирани за предностите на изборот на органски производи и за тоа како може да ги интегрираат во својата секојдневна исхрана.“
На социјалните мрежи на dm може да погледнете повеќе слики низ кои ја доловуваат атмосферата од овој настан.
За потсетување, овој настан беше дел од регионалната кампања на dm, при која е издадена и книгата со рецепти „Kулинарско Патување со dmBio”. dm е најголемиот понудувач на производи за органска исхрана на нашиот пазар, со повеќе од 400 производи од кои повеќе од 300 се од сопствената марка dmBio.
Од компанија велат дека благодарение на целосната кампања, се надеваат на уште поголема свесност за органската исхрана и за тоа колку е важно да се прават добри избори кога станува збор за состојки за готвење.