По овој рецепт подгответе го највкусното пилешко од рерна.
Состојки:
- 5 компири
- 800 гр пилешко филе
- 2 јајца
- 200 мл павлака за готвење
- 150 гр тврдо сирење
Начин на подготовка:
- Компирите сварете ги, а месото исечкајте го на коцки, па пржете околу 10 минути. Зачинете со сол и бибер. Исечете ги компирите по желба, па ставете ги во тепсија и одозгора додајте го месото.
- Изматете ги јајцата со павлаката за готвење и зачинете. Прелијте ги месото и компирот, па сето тоа посипете го со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.