Блог

dm drogerie markt ве води на кулинарско патување со dmBio и ви подарува книга со рецепти за сметка над 999 денари за органски производи!

Мора да пробате...

Колку пати сте помислиле дека органските оброци се многу комплицирани да се подготват? dm ве носи на кулинарско патување кое ќе ви покаже дека со органски состојки можат да се подготват не само модерни јадења, туку и традиционалните и класични оброци кои нѐ потсетуваат на рецептите на нашите баби.

5 food блогери од 5 земји создадоа 25 рецепти за органска и освестена исхрана, напишани на 70 страници во книгата која може да ја добиете на подарок во секоја dm дрогерија.

Книгата со dmBio рецепти може да ја добиете со купување на вашите омилени органски производи во износ од 999 мкд. Понудата важи во сите dm дрогерии до 29.2.2024, односно до истек на залихите и истата не важи за бебешките органски производи.

Страниците на оваа книга се плод на соработка со 5 food блогери од Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска и нашата земја заедно со добропознатата Мартина Трајаноска – martinascooking. Волшебната книга е преполна со прекрасни вкусови од земјите од регионот и ќе ве одведе на едно прекрасно кулинарско патување. Без разлика дали сте љубители на брзи и помодерни оброци или сакате да ги истражувате традиционалните вкусови, во оваа книга ќе го пронајдете својот омилен дел.

Органската храна е основа на пристапот кон исхраната во dm дрогерие маркт. Секој заслужува пристап до висококвалитетни производи што ги хранат телото и душата и ни овозможуваат да се грижиме за себе и за своето опкружување, истовремено уживајќи во фантастичниот вкус и разновидноста! А со оваа книга, овој проект, како и асортиманот на органска исхрана dm дрогерие маркт токму тоа ни го става на дланка на сите нас.

Повеќе информации за ова можете да дознаете на веб-страницата на dm дрогерие маркт: dm.mk.





Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -