Блог

Црнобели ролатчиња со кондензирано млеко

Мора да пробате...


1. Во длабок сад измешајте го кондензираното млеко со какаото до соединување, додадете го путерот и повторно соединете.

2. На крај додадете ги постепено мелените бисквити. На почеток мешајте, а потоа измесете со рака.

3. Оставете го тестото во фрижидер додека го спремите белиот дел.
За него, изматете ја павлаката и потоа со мешање додадете го кокосот.

4. Развлечете го црниот дел меѓу две пек-хартии и врз него распоредете го белиот.
За убаво да го прилепите прво распоредете го насекаде, а потоа ставете пек-хартија и израмнете го со оклагија.

5. Оставете го кратко во фрижидер да се стегни и потоа сечете го на посакуваните парчиња.

Ролатот во принцип е цврст потоа и додека го спремате само внимавајте на додавањето на крај на сувите состојки…постепено.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс – Наведи извор – Некомерцијално – Сподели под исти услови





Инспирирано од: moirecepti.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -