Пилешки шницли полнети со сувомеснато и сирење.
Состојки:
- 4 парчиња пилешки гради
- 4 парчиња сувомеснато Пекабеско
- 4 парчиња гауда сирење
- 4 лажици сенф
- 2 јајца
- 1 шолја брашно
- 1 шолја презла
Начин на подготовка:
- Пилешките гради расечете ги добро растегнете ги. Посолете, побиберете, намачкајте со сенф, па на нив ставете парче сувомеснато и сирење.
- Свиткајте ги рабовите кон внатре и свиткајте, внимавајќи филот да не може да истече.
- Извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла. Пржете додека не поруменат од сите страни.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот