Повкусни не сте пробале…
Состојки:
- 200 гр тенки шпагети
- 200 гр шампињони
- 100 гр спанаќ
- 200 гр тиквици
- 100 мл соја сос
- 100 гр морков
- 200 гр праз
- 2 чешниња лук
- 1 лажица ѓумбир
- 1 лажица вегета
- 100 мл масло
Начин на подготовка:
- Зеленчукот измијте го, исчистете го и исцедете го. Празот и тиквиците исечкајте ги синтно, а шампињоните на листови. Исечкајте ги лукот и морковот и бланширајте.
- Згответе ги шпагетите во несолена вода, но не до крај. Исцедете ги и оставете ги на топло место.
- На загреано масло во длабока тава кратко испечете го лукот и морковот и ставете ги на шпагетите.
- Во истиот сад додајте малку масло, пропржете ги празот и тиквиците па ставете ги на шпагетите. Постапката повторете ја со спанаќот и шампињоните.
- На крај додајте ѓумбир, соја сос и вегета, измешајте па вратете во садот.
Добар апетит!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)