Здрав и вкусен десерт…
Состојки:
- 6 лажици суво грозје или брусница
- 4 суви смокви
- 6 урми
- 4 лажици мелени бадеми
- 2 лажици какао
- 1 лажичка сок од лимон
Начин на подготовка:
- Состојките по ред ставајте ги во блендер – суво грозје, смокви, урми, бадем, 2 лажици какао и сок од лимон, па изблендирајте.
- Навлажнете ги рацете па правете топчиња со саканата големина, извалакајте ги во какао и ставете во хартиени корпички.
Уживајте!