Брз колач од јаболка и гриз.
Состојки
- 1 шолја гриз
- 1 шолја брашно
- 1 шолја масло
- 1 шолја шеќер
- 1/2 шолја млеко
- 1 јајце
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1/2 кесичка цимет
- 2 рендани јаболка
Состојки за прелив:
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици млеко
- 4 лажици масло
- 100 гр чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
- Разматете едно јајце со шеќер, па додајте гриз, брашно, прашок за печиво, ванилин шеќер, млеко, масло, јаболка, цимет. Добро измешајте и ставете во намастен плех.
- Печете во загреана рерна додека колачот не порумени, а проверете со нож, и кога е печен извадете го од рерна и врелиот колач прелијте го со прелив: разматете масло, шеќер, млеко и чоколадо на слаба температура и прелијте го колачот.
- Изладениот колач исечете го по желба и послужете.
Уживајте!
