Блог

Кременадли кои се топат во уста – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Највкусното месо на малку поинаков начин!

Состојки:

  • 4 кременадли
  • 1 праз
  • 4 чешниња лук
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • малку брашно
  • 1/2 лажичка црвена пипер
  • зачини или коцки за супа
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз на кругови, додајте пиперка и излупен домат на коцки па крчкајте додека не омекне.
  2. Кременадлите посолете ги па исчукајте ги и истријте ги со изгмечен лук. Потоа извалкајте ги во брашно и на врело масло пропржете ги кратко да поруменат. Ставете ги кременадлите во динстаниот кромид.
  3. Во чинија ставете 1 лажица брашно, додајте зачини или растопете мала коцка за супа, додајте малку црвена пипер, бибер и додајте во кременадлите, па протресете го тенџерето.
  4. Поклопете и ставете во рерна на половина час за кременадлите убаво да се запечат и омекнат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во видео рецептот на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -