Идеални за доручек или вечера со шолја јогурт или парче сирење.
Состојки:
- 1 кисело млеко од 200 мл
- 6 лажици брашно
- 1 лажица гриз
- 1 рамна лажичка прашок за печиво
- 1 јајце
- сол
- 1 лажица кисела павлака
- масло
Начин на подготовка:
- Со жица разматете јајце, додајте павлака, кисело млеко, брашно, гриз и прашок за печиво, сол и сè убаво измешајте.
- Маслото загрејте го на средна температура па вадете тесто со лажица и пржете во масло да порумени од двете страни.
- Можат да се служат солени или слатки по желба.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот