Едноставен рецепт за вкусен ручек.
Состојки:
- 2 батаци и карабатаци
- 1 главица кромид
- 2 пиперки
- 2 моркови
- 3 компири
- 2 домати
- масло
- ловоров лист
Начин на подготовка:
- На масло пропржете крупно сечкан кромид, додајте сечкана пиперка па и неа пропржете ја, морков, потоа компир и домат, сè убаво посолете и на крај додајте посолени батаци.
- Малку прелијте со масло и додајте шолја вода па ставете во рерна убаво да се испече на 200 степени околу 50 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна