Кашкавалот е рамномерно распореден што секој залак го претвара во сочно, гурманско искуство.
Состојки:
- 400 гр мелено месо
- 200 гр кашкавал исечкан на коцки
- 2 јајца
- 2 лажици презла
- 2 главици рендан кромид
- 3 чешниња рендан лук
- сол
- бибер
- црвена пипер
Начин на подготовка:
- Добро замесете го месото со коцки кашкавал, јајца, рендан кромид и лук, сол, бибер и пипер.
- Месото за плескавици соединете го. Оставете ја измешаната маса да отстои барем 15 минути. потоа со влажни раце правете плескавици, секоја извалкајте ја во презла и пржете на врело масло. Сервирајте со зеленчук и сезонска салата.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо