Ви го претставуваме наједноставниот рецепт за чоколадни мафини кои се топат во уста…
Состојки:
- 4 јајца
- 8 лажици шеќер
- 200 гр чоколадо за готвење
- 1 маргарин
- 16 лажици брашно
Начин на подготовка:
- Маргаринот и чоколадото растопете ги. Посебно разматете 4 јајца и шеќер. Разматените јајца и шеќер додајте ги во истопеното чоколадо и маргарин. Потоа полека, со мешање во смесата додајте 16 лажици брашно. Сè добро измешајте и ставете во калапи.
- Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги мафините 5-8 минути. Ако сакате внатре да има повеќе течно чоколадо печете 5 минути.
- Ако сакате, можете да ги посипите мафините со шеќер во прав или да ги послужите со топка сладолед.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди