Еве како да ги испечете највкусните пилешки крилца.
Состојки:
- 1 кг пилешки крилца
- масло
- 50 гр рендан кашкавал
- 1 дл слатка павлака
- 3 лажици сенф
- црни и зелени маслини
- 2 жолти пиперки
- 4 кругови домат
- 4 кругови краставица
- сол
- бибер
- магдонос
Начин на подготовка:
- Крилцата кратко пропржете ги во сад со загреано масло да поруменат од двете страни. Ставете малку вода, садот преклопете го и динстајте месото да омекне.
- Крилцата префрлете ги во огноотпорен сад со сокот од динстањето. Измешајте слатка павлака, сенф, рендан кашкавал, сол и бибер, па прелијте ги крилцата.
- Ставете да се печат 15 минути на 200 степени. Пред сервирање крилцата посипете ги со сечкан магдонос и послужете ги со црни и зелени маслини, пиперки, кругови домат и краставица.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо