Блог

Мусака од тиквици со фета сирење – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Здраво, брзо и едноставо – ќе уживате во ова јадење…

Состојки:

  • 3 тиквици со средна големина
  • 5 јајца
  • 200-300 гр фета сирење
  • 200 мл кисела павлака
  • 1 чаша од 2 дл масло
  • 1 чаша од 2 дл гриз
  • 4 лажици бело брашно
  • прашок за печиво
  • сол по вкус
  • кашкавал по желба

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте ги тиквиците со кора, додајте гриз, брашно и прашок за печиво. Добро измешајте, направете вдлабнатини во мешавината па додајте павлака, јајца и масло.
  2. Сè добро измешајте, па ренданото фета сирење додајте го во смесата убаво да се соедини. На крај можете да изрендате и малку кашкавал.
  3. Префрлете во намастен плех и печете околу половина час во претходно загреана рерна на 210 степени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -