Едноставен рецепт за совршена погача.
Состојки:
- 400 мл топла вода
- 20 гр квасец
- 750-800 гр брашно
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 30 мл маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во топлата вода додадете ги квасецот и шеќерот, убаво измешајте и оставете да се активира. Потоа додадете масло, брашно и сол. Прво додадете 700 гр брашно, па постепено остатокот, бидејќи треба да замесите средно тврдо тесто. Покријте и оставете да одмори.
- На побрашнета површина уште малку обработете го тестото и ставете го во кружен плех обложен со хартија за печење. Пропрскајте со млака вода и посипете го тестото со брашно.
- Засечете ленти на три места со нож и покријте, па оставете уште 15 минути. Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 45-50 минути.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука