Лажна пита со зеленчук. Од евтини состојки направете фантастичен оброк.
Состојки:
- 1 кромид
- 2 мали моркови
- 1 пиперка
- 1 тиквичка
- 100 гр тврдо сирење
- 3 јајца
- 50 мл масло
- 250 мл млеко
- 70 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Во тавче пропржете сечкан кромид, па додајте морков, пиперка и тиквички. Зачинете со сол и бибер. Јајцата се матат со млекото и маслото, па се додаваат брашното и прашокот за пециво. Зачинете со сол и бибер.
- Намачкајте ја тавата со масло, ставете го зеленчукот, прелијте и посипете со рендано сирење. Се пече на 190°C околу 35 минути.