Блог

Пилешко месо со кокосово млеко – се топи во уста… – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Пилешко месо со кокосово млеко – се топи во уста…

Состојки:

  • 1 кг пилешко бело месо
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици кари
  • 1 помала главица кромид
  • 2 чешниња лук, иситнети
  • 400 мл кокосово млеко
  • 400 гр домати, излупени, сварени и исечкани
  • 200 мл доматен сос
  • 50 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото посолете го и побиберете го.
  2. Во тенџере загрејте масло и кари на средна температура околу 2 минути. Додајте кромид и лук и гответе уште една минута. Додајте пилешко и измешајте. Гответе на умерен оган уште 10 минути додека пилешкото не се зготви.
  3. Додајте кокосово млеко, домати, доматен сос и шеќер и сè добро измешајте. Поклопете и оставете да струи околу половина час. Повремено мешајте.
  4. Послужете со салата по избор и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте



Инспирирано од

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -