Рецепт за брза оброк салата со тестенини и фета – идеален лесен доручек кој ќе ви обезбеди доволно сила за почетокот на денот.
Состојки:
- 100 гр тестенини
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица мешавина од медитерански зачини
- 10 маслини
- фета сирење
- 1 рака рукола
Начин на подготовка:
- Тестенините згответе ги, а додека тие се готват, измешајте маслиново масло и медитерански зачини, како и исечкани маслини.
- Тестенините процедете ги и додајте маслини и масло. Потоа посипете со рукола и парчиња фета сирење.
Добар апетит!