Полнети домати за доручек, ручек или вечера…
Состојки:
- 3 домати
- 1 млад кромид
- 3 парчиња тврдо сирење
- 3 јајца
- 60 гр тврдо сирење
Начин на подготовка:
- Издлабете ги доматите во средина, па во секој ставете сечкан млад кромид и преку дебело парче тврдо сирење. Додајте јајце и посипете со рендано сирење. Посолете и побиберете.
- Намастете тепсија со маслиново масло, па наредете ги доматите и печете на 200 степени околу 25 минути.
Добар апетит!