Лиснати погачици кои се топат во уста…
Состојки:
- 1 кг брашно
- 250 мл млако млеко
- 100 мл млака вода
- 1 лажица сол
- 1 лажица шеќер
- 100 мл масло
- 1 јајце
- 40 гр свеж квасец
- 200-250 гр маргарин
- 200 гр сирење
- сусам
Начин на подготовка:
- Активирајте квасец и замесете тесто. Развлечете го тестото 3 пати и изрендајте маргарин. Оставете да нарасне и после третиот пат развлечете и ставете сирење, па сечете во облици. Премачкајте со жолчка и посипете со сусам. Печете на 180 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“: