Вкусно топло тесто со џем…
Состојки:
- 20 гр квасец
- 2-3 јајца
- 100 гр путер
- 250 гр млако млеко
- кора од лимон
- 2 лажици шеќер
- малку сол
- 4 лажици џем
- 100 гр суво грозје
Начин на подготовка:
- Во вангла ставете брашно, додајте квасец. Потоа додајте јајца, омекнат путер, млеко, кора од лимон, суво грозје, шеќер и сол и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне, премесете, па оставете повторно да нарасне.
- Ставете го тестото на маса, па развлечете тенко во круг, со дебелина од околу половина см, па поделете на 4 делови во облик на триаголници. Во секој триаголник ставете џем и свиткајте кифли. Четири кифли наредете во намастен плех, оставете да нараснат,премачкајте со жолчка и печете на 200 степени околу 40 минути.
- Посипете со шеќер во прав и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки