Спанаќ кој сигурно ќе ви успее. Потребни се 3 состојки, а готов е за 15 минути.
Состојки:
- 100 гр путер
- 400 гр беби спанаќ
- 1 чешне лук
Начин на подготовка:
- Растопете 50 гр путер, а кога ќе се растопи додадете го спанаќот. Пржете, а потоа додадете го мелениот лук и преостанатиот путер. Мешајте додека не се растопи и тргнете од оган. Зачинете со сол и бибер, па повторно промешајте. Послужете со месо.