Еве како се прави комплет лепиња.
Состојки:
- 1 лепиња
- 2 лажици кајмак
- 1 јајце
- 1 кутлача претоп
Начин на подготовка:
- Исечете го горниот дел од лепињата и оставете го на страна. Потоа богато премачкајте ја лепињата со кајмак, а со нож прободете ја лепињата на неколку места. Јајцето изматете го малку и ставете го во лепињата, па посолете.
- Намачкајте ја тепсијата со масло и ставете ја лепињата, па печете во загреана рерна на 250°C околу 5-10 минути. Потоа, извадете ја лепињата, ставете го ’капакот’ врз неа (горниот дел што го отсековте) и вратете ја да се пече уште неколку минути. Се вади од рерна и се прелива со загреан претоп.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи