Кох со гриз од 4 јајца. Евтин колач кој плива во млеко.
Состојки:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 4 лажици гриз
- 1 лажица сок од лимон
За прелив:
- 800 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Одделете ги жолчките и белките, а потоа изматете ги белките заедно со шеќерот во цврст снег. Потоа постепено додавајте ги жолчките и продолжете со матење. Додадете брашно, гриз и сок од лимон и нежно измешајте.
- Ставете во огноотпорен сад кој сте го премачкале со масло или путер. Се пече на 180°C околу 15-20 минути. За тоа време направете го преливот мешајќи млеко, шеќер и ванилин шеќер. Гответе додека не се раствори шеќерот, а потоа прелијте го готовиот колач. Оставете да се излади.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи