Фантастична торта без печење, готова за миг!
Состојки:
- 2 пакувања турски бисквити
- 5 кесички пудинг од карамел
- 1,7 л млеко + 400 мл за шлагот
- 250 гр путер или маргарин
- 200 гр шеќер
- 300 гр шлаг со вкус на слатка павлака
- 500 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Запржете шеќер и налијте млеко. Оставете малку млеко да го разматите пудингот (околу 300-400 мл). Гответе додека карамелизираниот шеќер не се растопи.
- Згответе пудинг кој сте го разматиле во млеко. Филот тргнете го од рингла и оставете да се излади.
- Разматете путер или маргарин па измешајте со миксер во пудингот кој претходно сте го разматиле со миксер.
- Разматете и шлаг со 400 мл ладно млеко. Филувајте: бисквити, фил, шлаг, фил, шлаг, бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил и разматена слатка павлака.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт