Мек и сочен турски десерт по оригинален рецепт.
Состојки:
- 3 јајца
- половина шолја шеќер
- кисело млеко 180мл
- масло 50 мл
- брашно 1 чаша (наместо брашно може гриз)
- прашок за пециво 12гр
- какао 1 лажица
- кори за пита (10 парчиња)
- путер за подмачкување
Состојки за сируп:
- шеќер 2 шолји
- вода 2 шолји
- сок од еден лимон
Начин на подготовка:
- Корите за пита наредете ги во тепсија како хармоника. Направете го филот од јајца, шеќер, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво и какао.
- Згответе ја агдата и оставете да се излади.
- Печете ги корите во рерна 10 минути на 200 степени целзиусови. Потоа, ставете го филот врз печените кори. Печете го колачот на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.
- Топлиот колач прелијте го со ладниот шербет. Оставете го колачот да го впие шербетот, а потоа ставете го во фрижидер. Послужете со домашно кафе.