Пробајте говедско по оригинален рецепт и месото ќе биде неверојатно меко и вкусно.
Состојки:
- 1 кг говедско месо
- 3-4 главици кромид
- 100 гр путер
- 70 мл вода
- 1 лажичка мелена пиперка
- 3 чешниња лук
- сол по вкус
- 2 лажички оцет
- 1 лажичка шеќер
Начин на подготовка:
- Ставете ги коцките месо на ненамастена тава и покријте ги со прстени од кромид. Одозгора ставете коцки путер и налејте вода. Покријте и динстајте на тивок оган еден час. Потоа додадете зачини, оцет и сечкан лук. Покријте повторно и динстајте додека месото не омекне. Послужете топло. Украсете со магдонос по желба.