Совршена салата со бифтек.
Состојки:
- 250 гр бифтек
- микс зелени салати
- шери домати
- малку пармезан
- јогурт, сенф и мајонез за прелив
Начин на подготовка:
- Бифтекот испржете го од двете страни и исечкајте го на тенки ленти. Потоа во сад ставете микс од зелени салати, зачинете со масло, балсамико, сол и бибер. Додајте месо, шери домати исечкани на половини и пармезан. Убаво измешајте.
- Направете прелив од јогурт, сенф и мајонез и прелијте ја салатата.
Добар апетит!