Вкусни, брзи, фантастични…
Состојки:
- 300 гр мелено мисиркино месо
- 1 помала главица кромид
- 1 чешне лук
- малку цимет
- соја сос
- билно или кокосово масло
Начин на подготовка:
- Меленото месо измешајте го со сечкан кромид, иситнет лук, прстофат цимет и соја сос. Ако сосот не е пресолен, слободно досолете.
- Со влажни раце обликувајте ќофтиња со големина на орев и печете ги во длабока тава во врело билно или кокосово масло.
- Кога ќе станат златно-кафеави, извадете ги и оставете ги кратко на кујнска хартија да се исцедат вишокот маснотии.
- Врелите ќофтиња можете да ги послужите со сос од брусница и сезонска салата.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо