Пица тестенини, ќе ги правите постојано!
Состојки:
- 400 гр макарони во облик на полжави
- 300 гр шунка Пекабеско
- 300 гр кашкавал
- 8 парчиња чадена сланина Пекабеско
- кечап
- оригано
Начин на подготовка:
- Макароните згответе ги во солена вода, исцедете и измијте ги со студена вода. Шунката и кашкавалот исечете ги на ситни коцки.
- Додајте ги во макароните, посолете и ставете ги во намастен плех за печење. Додајте кечап и посипете со оригано.
- Од горе изрендајте половина од преостанатиот кашкавал, наредете ги парчињата чадена сланина, па изрендајте го останатиот кашкавал.
- Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука