Сезоната на тиквици е во полн ек. Искористете го овој здрав зеленчук за новото, летно мени.
Состојки:
- 2 тиквици
- 10 лажици брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 3 лажици гриз
- 2 лажици масло
- 50 гр ситно сечкана пиперка
- 2 јајца
- 60 гр кашкавал
- сув магдонос
Начин на подготовка:
- Тиквиците изрендајте ги, посолете ги, додајте јајца и разматете. Потоа ставете масло, пиперка и кашкавал, продолжете со матење. Додајте сода и брашно и убаво соединете. Посипете со свеж магдонос.
- Смесата распоредете ја во калапи за мафини и печете на 200 степени 20 минути. По желба посипете со пармезан.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта