Едноставно се прави, а со вкусот воодушевува.
Состојки:
- 500 гр пилешко месо
- 2 чешниња лук
- 1 мала главица кромид
- 1 лажица презла
- 1 лажица мајонез
- магдонос по вкус
- сол по вкус
- сув зачин по вкус
- 100 гр кашкавал исечкан на коцки, за полнење
Начин на подготовка:
- Пилешкото сомелете го во сецко. Лукот и кромидот и магдоносот ситно исечкајте ги во сецко. Потоа спојте со меленото пилешко, па додајте мајонез, презла, сол и зачин. Убаво соединете.
- Рацете намастете ги и обликувајте плескавици. Иситнете кашкавал, фино соединете со плескавиците за кашкавалот да не истече при пржењето.
- На врело масло ставете полнети плескавици, така што споените краеви ќе бидат свртени надолу. Плескавиците пржете ги додека не поруменат.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути