Доколку размислувате за посни јадења, пробајте го овој рецепт.
Состојки:
- 500 гр готови тенки кори
- прелив за кори (300 мл минерална вода и 70 мл масло)
- 1 праз
- 1 главица кромид
- 150 гр соини снегулки
- 200 мл вода
- сол
- бибер
- зачин
Начин на подготовка:
- Кромидот исечкајте го, па испржете го во малку масло. Во соините снегулки ставете вода и почекајте да набабрат. Кога ќе набабрат ставете во кромидот кој се пржи. Зачинете по вкус.
- Бурекот правете го така што за почеток ќе намастите тепсија и ќе ставите 4 кори од секоја страна. потоа одете по редослед – празна кора прелив – кора прелив фил. И така додека имате материјал. Печете на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути