Вкусно и интересно јадење.
Состојки:
- кора од диња или тиква
- 1,5 – 2 кг пилешко месо
- 2 лажици мед
- сол
- бибер
- масло
- листови магдонос
- зачини по желба (кари, чили, куркума, мускатно оревче, кромид, лук, ловоров лист…)
Начин на подготовка:
- Кората треба да е целосна, нормално издлабете ја средината и искористете ја за друг рецепт.
- Месото исечкајте го на помали парчиња, зачинете, намастете, додајте мед и ставете во кората. Од другиот дел на на кората можете да направите капак или едноставно прекријте со фолија. Печете час и половина, тргнете го капакот и продолжете со печење уште половина час. Се пече во загреана рерна на 200-220 степени.
- Сервирајте во кора, бидејќи навистина е декоративно, од горе украсете со магдонос.
- Послужете со прилог по желба: ориз, рижото, компир, салати…
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта