Вкусно јадење од месо и зеленчук кое ќе го правите често.
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 1 мала тиквица
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 1 јајце
- 1/2 шолја презла
- 1 чешне лук
- сол
- бибер
- сув зачин
- оригано
- зачинска пипер
Начин на подготовка:
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а тиквицата и морковот изрендајте ги, па додајте во месото. Потоа додајте јајце, зачини и презла. Добро измешајте и обликувајте. Пржете по 3-4 минути од секоја страна во добро загреано масло.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна