Лесно јадење кое ќе ве воодушеви…
Состојки:
- 400 гр пилешки гради
- 100 гр сусам
- 200 гр кикирики
- 200 гр кисели краставички
- 800 мл кисела павлака
- сол
- бибер
- сок од половина лимон
Начин на подготовка:
- Обварете ги пилешките гради и исцедете ги, па кога ќе се изладат исечкајте ги во блендер. Во блендер исечкајте и кикирики.
- Сусамот пропржете го на сува тава мешајќи додека не добие златножолта боја. Киселите краставички исто така исечкајте ги во блендер, па ставете ги малку да се исцедат.
- Сите состојки измешајте ги, па додајте и кисела павлака за убаво да се поврзе. Посолете, побиберете, додајте сок од половина лимон и добро измешајте.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути