Брза подготовка, одличен десерт!
Состојки:
- 200 гр брашно
- 50 гр кафеав шеќер
- 100 гр шеќер
- малку инстант кафе
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- 100 гр путер
- 1 кесичка цимет
Начин на подготовка:
- Разматете јајце со путер и два вида шеќер. Додајте млеко и други состојки.
- Тестото брзо замесете го. Во калапи за мафини ставајте хартиени корпички и полнете ги до 2/3.
- Печете на 180 степени околу 25-30 минути.
Уживајте!