Вкусен ручек, едноставна подготовка.
Состојки:
- 4 филети риба
- домат
- пиперка
- тиквица
- млад компир
- кромид
- лук
- сол
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Рибините филети премачкајте ги со масло, посолете и побиберете. Потоа во огноотпорен сад ставете малку масло, а потоа сечкан зеленчук. Ставете зачини, добро измешајте, а преку ставете филети риба.
- Поклопете со фолија и ставете во рерна да се испече околу 30 минути на 200 степени. Отстранете ја фолијата па печете уште 10 минути.
Добар апетит!