Рецепт за пире од тиквици.
Состојки:
- 800 гр тиквици
- 50 гр путер
- 50 гр кисела павлака Пекабела
- 80 гр пармезан
- 1 чешне лук
- сол
- зачин
Начин на подготовка:
- Исчистете и исечкајте тиквици на парчиња, па ставете ги во тенџере да се готват. Додајте сол и ситно сечкан лук. Потоа процедете ја водата од тиквиците, додајте кисела павлака, пармезан, путер, зачин и разматете со миксер да добиете компактна смеса. Пирето послужете го топло, како прилог со главното јадење.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука