Неодолива домашна торта…
Состојки:
- 2 јаболка, излупени и исечкани на коцки
- сок од половина лимон
- 200 гр шеќер
- 150 гр грубо сечкани ореви
- 200 гр брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 3 јајца
- малку сол
Начин на подготовка:
- Јаболката исчистете ги и исечкајте ги. Ставете во огноотпорен сад па по нив исцедете половина лимон. Додајте шеќер и измешајте. Поклопете и оставете во фрижидер на половина час.
- Во друга чинија измешајте ореви, брашно и прашок за печиво. Во јаболката кои отстоиле додајте 3 жолчки, па измешајте. Потоа смесата од брашно и ореви па измешајте.
- Во посебен сад ставете белки со малку сол. Добиениот шам префрлете го во смесата па измешајте. Печете околу половина час на 200 степени.
- Кога ќе се испече, посипете со малку шеќер.
Уживајте!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо