Макарони со сирење, вистински избор кога сакате нешто вкусно и брзо.
Состојки:
- 2 шолји макарони
- 4 лажици путер
- 1 лажица изгмечен лук
- 4 лажици брашно
- 3 шолји млеко
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка бибер
- 1 лажичка чили во прав
- 2 шолји чедар сирење, изрендано
- 1 шолја крем сирење
- 1 шолја моцарела сирење, изрендано
Начин на подготовка:
- Згответе макарони, исцедете и измијте со ладна вода. Оставете на страна. Растопете путер во тенџере, па додајте изгмечен лук и динстајте минута. Додајте брашно и добро измешајте смесата малку да порумени.
- Потоа ставете млеко и мешајте. Додајте зачини, измешајте и намалете го огнот. Додајте ги сирењата, но после секое додавање добро измешајте. На крај додајте зготвени макарони и мешајте додека не се соедини.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи