Блог

Плескавици од фета сирење и тиквици – Gotvi.mk

Мора да пробате...


Вкусни плескавици од тиквици и фета сирење.

Состојки:

  • 470 гр тиквици
  • 3 јајца
  • сол
  • 150 гр фета сирење
  • 5 лажици пченкарно брашно
  • прстофат прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците изрендајте ги и посолете ги, па оставете ги да отстојат 30 минути. Потоа исцедете ги од вишок течност. Додајте иситнето фета сирење, пченкарно брашно, прашок за печиво, јајца, сол, па сите состојки добро измешајте ги.
  2. Во тава загрејте масло. Со лажица ставајте плескавици. Печете на средна температура 5 минути од една страна, свртете и печете уште 2 минути. За време на пржењето преклопете. Послужете со кисела павлака или кисело млеко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт



Инспирирано од: gotvi.mk

- Advertisement -
- Advertisement -

Најнови рецепти

- Advertisement -

Повеќе рецепти од овој тип...

- Advertisement -