Брза, вкусна и сочна пита од мелено месо без кори. Морате да ја пробате!
Состојки:
- 450 гр мелено месо
- 1 лажица маслиново масло
- 1 кромид
- 8 јајца
- 60 мл густа павлака за готвење
- 1/2 лажичка лук во прав
- сол и црн пипер
- 170 гр чедар сирење
- магдонос
Начин на подготовка:
- На масло пропржете го месото и кромидот. Додадете сол, бибер и лук во прав. Изрендајте го чедарот и додајте половина преку месото.
- Во еден сад скршете ги јајцата и изматете ги со павлаката, па ставете ги во тавче.Одозгора ставете го преостанатиот чедар. Префрлете ја тавата во рерна и печете 20 минути на 175 степени. Кога ќе биде готово, посипете со свеж магдонос.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи