Доколку немате идеја за ручек, еве предлог што да подготвите!
Состојки:
- 400 гр пилешки гради
- тиквица
- црвена пиперка
- мал патлиџан
- зачини за грил
- 2 дл пиво
- 1 лажица маслиново масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Пилешкото исечкајте го на коцки. Посипете со зачин за скара и прелијте со децилитар пиво и оставете околу еден час. Зеленчукот исечкајте го на коцки.
- Извадете го месото и наизменично нижете на стапчиња. Печете на намастен грил околу 15 минути.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо