Солен ролат од спанаќ и сирење готов за миг. Вашата трпеза ќе заблеска!
Состојки:
- 150 гр спанаќ или блитва
- 5 јајца
- 5 лажици млеко
- 5 лажици масло
- 100 гр брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- бибер
- 200 гр кашкавал
Состојки за премачкување:
- 5 лажици кисела павлака
- 1 лажица мајонез
- прстофат сол
- 1 лажичка куркума
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- Исечете спанаќ на резанки. Разматете белки пенасто, додајте жолчки. Измешајте лесно масло, млеко, сол, бибер, брашно и прашок за печиво па додајте спанаќ. Печете на хартија за печење, во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. На врелата кора ставете изрендано сирење, добро свиткајте и оставете да се излади. Измешајте павлака, мајонез, сол, куркума, па премачкајте преку ролатот. Од горе можете да нарендате сирење и украсете со магдонос. Може да се сече веднаш.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути