Царски мафини за брз појадок.
Состојки:
- 4 јајца
- 200 мл јогурт
- 200 мл масло
- 300 гр брашно
- 150 гр шунка Пекабеско
- 2 црвени пиперки
- 1 мал кромид
- 3 кисели краставички
- прашок за пециво
- сол
Начин на подготовка:
- Во еден сад измешајте брашно, цели јајца, масло, јогурт и прашок за печиво и сè добро изматете за да добиете глатко тесто. Додадете прстофат сол.
- Шунката, пиперките, кромидот и краставиците исечкајте ги на коцки и ставете ги во тестото.
- Калапот за мафини намачкајте го со масло, па ставете од смесата во секој калап. Печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени додека не добијат златно-кафеава нијанса.
Добар апетит!
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса
ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)